Од васУбави муабети

Верна сум му на тој што не е мој

Верна сум му на оној кој не е мој. Да, можеби ви звучи чудно, смешно и нелогично, но јас стварно сум му верна. Верна сум му со срцето, со душата, а и со телото. И со мислите го немам изневерено.

Не сте свесни колку многу сакам да можам да го изневерам, да го предадам како тој што ме предаде мене. Но, не можам, душава не ми може. Како ветена да е цел живот него да му робува. Срцево како негово да е, како за него да чука, а јас киријата скапо му ја плаќам.

Ех да можев да не тагувам, да не го чекам и да не му се надевам. Тогаш среќата на моја страна наместо на негова ќе беше, порти за друг срцево ќе отвореше, насмевки за друг усниве ќе нацртаа… Но, не, не можам, а толку многу сакам. Сакам да го заборавам и да се ослободам.

Поврзани статии

Back to top button