ЖивотУбави совети
Брз рецепт за неодоливи благи пирошки
Потребно е:
300 мл млеко
100 мл вода
1 јајце
550-600 гр брашно
15 гр свеж квасец
малку масло за тесто
кора од лимон
1 лажичка шеќер
малку сол
100 гр мелени ореви
2 лажици џем
масло за пржење
Подготовка:
Растворете го квасецот во млака вода и додадете шеќер. Кога ќе стаса, истурете ја ванилата, додадете го јајцето и изматете со жица за матење. Додадете млеко, 2-3 лажици масло, кора од лимон, брашно, сол и замесете мазно и помеко тесто.
Оставете го тестото да искисне. Потоа, расукајте кора со дебелина до половина см и исечете поголеми правоаголници. Премачкајте ги пирошките со малку џем и додадете по 1 лажица мелени ореви на секоја пирошка. Пржете ги на загреано масло додека не заруменат. Наздравје!