ЖивотУбави совети

Највкусната брза торта без печење!

Од слатки задоволства никогаш доста, баш поради тоа и ви нудиме еден преубав рецепт за торта наречена Песок!

1л млеко се вари со 4 кесички пудинг од ванила и 10 лажички кафеав шеќер. Се остава да се излади убаво. Посебно се мати 250гр путер со 150гр шеќер во прав, па од кога убаво ќе се измати се меша заедно со пудингот.

Смесата се дели на три еднакви дела. Во првиот дел се додаваат 300гр мелени бисквити. Во вториот дел се додава 300гр кокос. Во третиот дел се додаваат 300гр мелени ореви. Во четвртаст плех се става прво делот со бисквити , па со кокос па одозгора делот со ореви. На крај можете да изрендате или да стопите бело или црно чоколадо, по ваш вкус.

Уживајте!

Поврзани статии

Back to top button