ДомУбави совети

Заштитете ги стаклените садови во кујната од топлина!

Веројатно барем еднаш ви се скршил стаклен сад при ставање врела течност во него. За да ја избегнете оваа непријатност, неопходно е да знаете неколку трикови.

Кога во чаша ставате врело вино, најпрво во неа ставете метална лажичка а потоа врз неа налејте го виното. Металот ке превземе дел од топлината, па со тоа ќе бидете сигурни дека стаклената чаша нема да пукне.

Уште еден начин да го сочувате стаклениот сад од топлината е пред ставањето врела течност, под него да ставите мокра крпа.

Исто така, корисно е да се знае дека огноотпорен сад, токму поради ризикот од пукање, не смее да се става во врела рерна. Тој секогаш треба да се става во ладна рерна, па со постепено загревање се штити од кршење.

Поврзани статии

Back to top button