ЖивотУбави совети
Брзи соленки кои ќе ви ги освојат сите сетила
Доколку немате идеја што да подготвите денес, ова е одличен и брз рецепт кој ќе ве воодушеви.
Состојки:
100гр маргарин
100 гр сирење
100гр брашно
1 жолчка од јајце
Ким
Сол
Подготовка:
Измешајте маргарин, рендано сирење и брашно. Мазното тесто оставете го да отстои малку на ладно место.
Потоа разредете го со сукало (дебелина 1 цм), исечете ги соленките, премачкајте со изматена жолчка, посипете со ким и посолете.
Ставете во загреана рерна и печете додека не добијат жолтеникаво-жолта боја.
Уживајте!