ЖивотУбави совети
Брза пита која може да замени ручек!
Потребнни состојки:
3 јајца
100 гр сирење
50 гр сланина
100 гр шунка
1 кромид
200-250 мл кисела вода
150 гр пченкарно брашно
малку сол
1/2 прашок за пециво
50 мл масло
Подготовка: Сланината и шунката заедно со ситно исечканиот кромид пропржете ги на тивок оган да заруменат. Потоа сите горенаведени состојки измешајте ги во длабок сад да добиете смеса како за мафини. Во намастен калап печете на 210 степени. Повремено со чачкалица проверувајте дали внатрешноста на брзата пита е испечена. Доколку не остане леплива смеса на чачкалицата значи дека питата е готова.