ЖивотУбави совети

Брза идеја за вкусен ручек

Наместо да заглавувате со часови во кујната, искористете го времето за прошетки и забава, а дилемата околу ручекот решете ја во кратко време.

Ви нудиме брз рецепт за вкусен ручек.

Состојки:
неколку парчиња брокула
400 гр. златна мешавина
200 гр. рендан чаден пилешки стек
4 јајца
100 гр. ренадан кашкавал
10 лажици лебни трошки
1 лажица сенф
оригано
вегета
сол

Златната мешавина ставете ја да се вари. По 15 минути, запржете ја на малку масло, додавајќи ги зачините и сенфот. По неколку минути тргнете ја смесата од оган. Во тава, ставете ги лебните трошки, златната мешавина и изренадниот чаден пилешки стек. Посолете и ставете да се печи во загреана рерна. Брокулата ставете ја во врела вода на оган околу десетина минути. При крај на печењето, изматете ги јајцата и измешајте ги со смесата, наредете ја брокулата, а врз неа ставете го ренданиот кашкавал.

Поврзани статии

Back to top button