ЖивотУбави совети
Божиќен колач за среќа!
Подгответе го највкусниот колач за кој постои верување дека носи среќна и бериќетна година! Потребни состојки: 1 свеж квасец, 100 гр маргарин, 400гр брашно, 1 лажичка сода бикарбона, две белки од јајце, четири лажици шеќер, малку сол, изрендана кора од еден лимон и половина портокал.
Подготовка: Замесете тесто од горе наведените состојки, потоа додадете суво грозје (можете плус друго суво овошје). Измесете го тестото и расукајте кора. Смотајте ја кората да добиете форма како лебче. На плехот за печење ставете хартија и печете го колачот околу 45 минути. Од кога ќе го испечете пропрскајте го со шеќер во прав и служете го оладен.