МодаУбави совети
Бидете мајки кралици со ќерки принцези!
Пролетта е сезона на свечености, без разлика дали се тоа свадби, веридби, крштевки или матурски прослави. Доколку сте гостинка на некоја ваква свеченост, а притоа имате мала принцеза, наш совет е да бидете облечени исто или слично. Тренд по кој мајките ширум светот полудеа.
Доколку купувате облека, одберете долг црвен фустан за вас и кратко црвено фустанче за вашата ќеркичка. Или пак комбинирајте фармерски фустани, слични здолништа, на пример туту здолништа од тул и исти еднобојни маички или кошули.
Најдобрата варијанта е да купите материјал и да се упатите кон шнајдерката која од истиот материјал ќе направи фустани и за вас и за вашата мала принцеза. Ви нудиме и неколку модели кои со сигурност ќе ве инспирираат.