Бидете внимателни со храната!
Со оглед на температурите кои ги имаме надвор, мора да бидете внимателни со храната и нејзиното правилно чување како не би се здобиле со несакани последици кои може да му наштетат на вашиот организам.
Флашираната вода чувајте ја во стаклено шише, добро затворено и во фрижидер. Испијте ја во рок од три дена.
Доколку млекото останало на собна температура неколку часа, веднаш фрлете го! Јогуртот и павлаката смеат да бидат надвор од фрижидерот најмногу 60 минути.
Јајцата чувајте ги исклучиво во фрижидер. Приготвените јајца консумирајте ги во период од еден час.
Храната која веќе сте ја приготвиле со зачини, особено салатите и месото не смееат да стојат надвор од фрижидерот повеќе од два часа бидејќи така го зголемувате ризикот од создавање на бактерии во неа. Чувајте ги во фрижидер на максимална температура до 5 степени.
Избегнувајте да јадете храна која е домашно приготвена, а содржи бел шеќер бидејќи таквата храна е одлично подрачје за размножување на бактериите.
Во овие горештини, кажете им не на сите сувомеснати производи бидејќи не знаете како биле чувани пред да стигнат во вашиот дом.
Секогаш мијте го добро зеленчукот и овошјето пред да го јадете!