А, ќе се вратиш ли?
Откако замина, празна е куќава. Душата уште повеќе. Мислев дека знам како да се носам со самотијата, но секоја минутка сфаќам дека не знам. И никогаш нема да научам.
Замина на месец дена. Поминаа неколку… Помина година.
Се прашувам дали некогаш ќе се вратиш?
Ако се вратиш дали се ќе биде исто? Ќе го имаш ли оној сјај во очите поради кој те засакав? Ќе ме љубиш ли исто страсно како и пред да заминеш? Ќе ми се вратиш ли од другата страна на светов преполн со приказни?
Колку и да сакам да верувам во приказни со среќен крај, јас знам дека нема да си дојдеш. Никогаш. Твоето срце сега припаѓа на друга русокоса жена. Твоите усни никогаш нема да ги допрат моите. Мојата прегратка останува без тебе, празна и тажна.
И боли душо. Не можам да речам дека не боли. Оти не знам да лажам!