ЖивотУбави совети

Ароматични чаеви за добар имунитет, против депресија и нервоза

За зајакнување на имунитетот: Измешајте еднакви количества шипка, коприва и жалфија. Прелијте две лажички од мешавината со 5дл зовриена вода и оставете поклопено да отстои околу половина час. Исцедете и пијте во текот на целиот ден, голтка по голтка.

Против депресија и нервоза: Измешајте еднакви количества камилица, маточина, лаванда, корен од валеријана и кантарион. Прелијте две лажички од мешавината со 5дл зовриена вода и оставете поклопено да отстои околу половина час. Исцедете и пијте во текот на целиот ден, голтка по голтка.

За прочистување на организмот: Измешајте еднакви количества мајчина душица, јаглика, подбел, мопен, изоп и велигденче. Прелијте две лажички од мешавината со 5дл зовриена вода и оставете поклопено да отстои околу половина час. Исцедете и пијте во текот на целиот ден, голтка по голтка.

 

 

Поврзани статии

Back to top button