ЖивотУбави совети

Анемија кај децата решлив проблем, но мора да сме внимателни!

Анемијата е нарушување кое не се приметува видливо се до моментот на појава на одредени клинички манифестации како бледило, поспаност, губење сила, раздразнетост, отсутност, слабо јадење и при игра бргу се заморува. Ако ги приметите овие знаци веднаш да се јавите кај вашиот педијатар за да се спроведе испитување на крвта, а подоцна и спроведување на самиот третман. Анемијата може да биде санирана, во спротивно станува животно застрашувачка состојба.

Анемија претставува неспособност на крвта да обезбеди на органите доволно кислород. Последица на тоа е во нарушувања кои произлегуваат во еритроцитите (црвените крвни зрнца) тие нарушувања се во созревањето поради недостаток на железо, фолна киселина, витамин B12 или зголемување на деградација на црвени крвни зрнца. Анемијата кај децата, обично се должи на недостаток на железо. Анемија кај  децата е многу честа болест. Обично се случува на возраст од 6 месеци до 2 години.

Зошто се јавува анемија?

Недостаток на железо кај децата се јавува многу лесно. Резервите на железо по раѓањето се мали,  а потребите на бебето брзо се зголемуваат. Резервите се мали кога мајката била анемична за време на бременоста или консумирала малку железо или имала чести бремености. Предвремено родени бебиња имаат значително помалку резерви на железо. Анемијата е поизразена кај деца кои се хранат само со млеко. Мајчиното млеко е побогато со железо за разлика од кравјото. Меѓутоа, потребите на бебето за железо не можат да бидат задоволни само со млеко, па се додаваат и други прехранбени препарати. Кравјото млеко има помалку железо и тоа е една од причините што не се препорачува во текот на првата година од животот.

По завршувањето на првата година од животот анемија се должи на помал внес на храна богата со железо и неговата ниска искористеност поради нарушувања во варењето на храната. Инфекциите исто така негативно влијаат врз матурацијата на еритроцитите и доаѓа до појава на анемија. Она што треба да го знаат родителите дека на лабораториските наоди се гледа многу ниско количество на железо и ниски вредности на хемоглобин и еритроцити. Други промени нема во крвната слика. Како да се спречи слабокрвноста, идните мајки да воведат во својата исхрана повеќе месни и млечни (јајца и месо) продукти потоа зеленчуци кои влијаат на создавање на поголем број на еритроцити дури и земање на суплементи на железо ако е потребно. Подоцна анемијата се решава и само со правилна исхрана. Првата година детето треба да цица. Мајчиното млеко не е особено богато со железо, но, неговата ефикасност е висока. Ако детето не може да цица мајчино млеко, користете формула од шест месеци со додавање на железо. Некои видови на храна, иако тие имаат висока содржина на железо (како што се спанаќ) имаат ниска искористеност на железо, и тие содржат супстанции кои ја намалуваат нејзината апсорпција. Храна богата со растителни влакна, исто така, ја намалува апсорпцијата на железо (како што се житарките). Витаминот Ц од храна или пијалоци помага апсорпцијата на железо, додека, на пример, млеко ја намалува. Да се внимава на износот на храна богата со железо што детето може да ја прими дневно.Значи, мора да се земат предвид дека при изборот на храна (се препорачува месо) во комбинација со храна која  ја забрзува апсорпција на железо (на пример, со јадење месо, зеленчук, пијалок овошен сок), за да се избегне комбинација на месо и зеленчук со житарици или млеко.

Главните природни извори на железо во храната се месо, риба, црн дроб, јајца, зелен лиснат зеленчук (особено богатиот магдонос), мешунки, свежо овошје. Децата треба да јадат свежо овошје и зеленчук, бидејќи оваа храна содржи витамин Ц, кој помага апсорпцијата на железо. Постарите деца не смеат да користат кафе, чај, какао, кока кола и други пијалоци кои содржат кофеин, теобромин и танини , бидејќи овие супстанции попречуваат апсорпцијата на железо.

Доколку не дојде подобрувањето по природен пат ќе треба педијатарот да препише препарати на железо. Најефективени  се препарати со бивалентено железо. Тие треба да се даваат помеѓу оброци или половина час пред јадење. Заедно со нив за да бидат активни се дава  витамин Ц да ја подобри ресорбцијата. Според некои автори и фолна киселина ја подобрува апсорпцијата најефикасно за детето да се напие железо со овошен сок половина час пред јадење. Железо не смее да се пие со млеко или јогурт. Ако тешко се толерира и има појава на  дијареа и абдоменална болка тогаш железото треба да се пие за време на оброк, по можност во вечерните часови. При користење на препарати на железо изметот може да биде црн, што е безопасно. Анемијата во овој случај при ваков третман  обично се нормализира за три до пет месеци, потоа се прави контрола периодично за да се сопре и третманот.

Др. Ангелчо Андоновски, специјалист педијатар

Поврзани статии

Back to top button