Љубовниот живот на голем број девојки често наликува на серијата “Сексот и градот”!
Љубовниот живот на голем број девојки и жени во државава често наликува на серијата “Сексот и градот”, со многу случувања, но без среќен крај. Велат дека ги имаме најубавите жени, а многу од нив нема кој да ги прегрне пред спиење. И како ова да не им е доволно, луѓето честопати ги прашуваат што е во ред со нив, зошто тие се уште се “сами”.
Од друга страна, повторно ново разочарување. “Секој нов, со поглед кој ветува многу и за кој ќе помислиш “тој е тој” за брзо ќе те разочара…” Ваквите ситуации ги натерале многу дами без да се двоумат да заклучат: “нормален маж не постои”.
Значи, добиваме затворено тркало што е скоро невозможно да се отвори: во еден момент навистина ќе се прашувате што ви недостасува кога сте сами, додека животот ве уверува дека “сите се исти”.
Најпрвин, љубезно заблогодарете се на сите што изразуваат загриженост за вашиот љубовен живот. Ни вие на нив не сте им помагале кога го одбирале љубовниот партнер. Потоа станете глуви за сите совети од опкружението, поготово за оние дека треба да ги спуштите критериумите. Идеална врска треба да ви се случи на вас, а не на нив.
Потоа, прво и клучно правило е дека мажот не мора да биде ултра модерен, згоден и да им се допаѓа на вашите роднини и пријатели. Запрашајте се: како за вас изгледа идеална врска? Дали во неа сте опуштени и слободни? Кои се основните работи кои ја сочинуваат? Дали се можеби довербата, искреноста, пријателството, почитта и поддршката со потребната количина на романса? Хумор? Професионална поддршка? Или нешто сосема друго.
Сликата за идеална врска треба да биде поврзана со односот а не со спецификациите на партнерот. Најмалку е важно како он изгледа, со што се занимава и каков пар сте во очите на народот.
Збогувајте се со предрасудте. Поради текот на времето и серијата разочарувања вие сте збогатени и со низа предрасуди, клишеа, ограничувајќи ги верувањата кои во голема мера влијаат на разбирањето во врските а на крај и на партнерскиот однос.
Она што секоја принцеза треба да ја води е токму сликата за идеална врска и чувствата кои од неа се будат, без оглед на карактеристиките на принцот.