Јас во него го најдов мирот
Не ме засега каде сум, само со него да сум. Секаде, некаде и никаде, само заедно да сме. Кога сум до него пулсот ми се намалува, срцево распеано ми откуцува. Велат среќа е да најдеш некој со чие присуство ќе чувствуваш душевен спокој. Благословена сум, го имам него, го имам мирот и спокојот. Умее да ме растажи но во истата минута и да ме расположи. Да ми покаже дека животот е црно бел, не дека е сив.
Далеку е од идеален, ама на мене ми е погоден. Се сакаме, се расправаме, се радуваме и тагуваме, се тоа заедно го пребродуваме. И, убаво ни е. Животот вака е убав и во најмрачните моменти на повидок има светлина. Светлина која ние ја создадовме, ја негуваме и возвишуваме.
На иста перница две глави со иста мисла. Две сосема различни личности на ист пат, со иста желба и еднаква љубов. Што повеќе за радост е потребно?