Што ќе се носи оваа зима?
Оваа сезона сомотски јакни, панталони и здолништа ќе гледаме насекаде. Модата повторно се враќа, сомотот повторно е во тренд!
Сомотот историски се карактеризира како многу луксузен материјал. Овој интересен материјал во минатото бил резервиран за високата класа и за богати трговци, а за него беле и направени специјални машини, бил актуелен ништо повеќе и ништо помалку, од свилата. Ова високо чувствителен материјал, не трае долго, бара честото перење и одржување. Па поради таа причина, со текот на времето се појавиа поевтини видови на сомот, а денес е најприсутна комбинацијата од полиестер и памук. Дебелина на материјалот, како и линиите во ширина можат да бидат многу различни, и овој материјал најчесто се носи во постудените зимски денови.
Нов сомот тренд, идеален за модерната ера доаѓа во меки пастелни бои, а кафената е онаа која најчесто може да се забележи на модните излози. Ретро моделите се се уште актуелни, јакните, здолништата и панталоните кои некогаш ги спакувавте со надеж дека никогаш нема да ги облечете е време да ги извадите и да го освежите овогодинешниот есенски стајлинг.