Што не сакаат мажите кај жените?
Дотерувањето е една од најпознатите активности на жените. Нашминкани, жените се чувствуваат попривлечни и посамоувередни, а нивните подготовки понекогаш можат да траат неколку часа. Сепак, судејќи според новите истражувања, оваа женска потреба е една од неомилените на мажите.
На една група мажи на возраст од 20 до 25 години се покажале фотографии од жени кои сами се шминкале за вечерно излегување и еден примерок од жени кои на лицата имаат минимална шминка. Нивната задача било да изберат слика од жена, која изгледа најпривлечна, а резултатите биле навистина интересни. Речиси сите мажи избрале фотографија на која жената има минимална шминка.
Момците тврдат дека малите недостатоци на жените се попривлечни за нив, иако некои дами постојано сакаат да ги прикријат и дека не им се допаѓаат кога жените со многу шминка го менуваат својот личен опис!
Затоа, драги дами, бидете природни колку што е можнон повеќе, а природната убавина, карактеропт е она со кое можете да ги купите момците!