Што нè прави среќни и здрави? Одговара најдолгата Харвард студија за среќа
Лонгитудинална студија на Харвард, која траела речиси 80 години, докажа дека за долго и среќно живеење најзначајнo е задоволството од односите со другите луѓе.
Најдолгата студија на возрасни луѓе, започнала со испитување 268 мажи во 1938 година на Харвард, за време на големата депресија, со цел да ги истражи факторите кои водат до здрав и среќен живот кај луѓето. Од студијата, истражувачите добиле повеќе од што очекувале.
Од првичната регрутирана кохорта, како дел од оваа студија, само 19 лица се сè уште живи. Некои од испитаниците основале семејство, станале успешни бизнисмени, доктори, адвокати, додека други завршиле во состојба на шизофренија, зависност од алкохол, изолираност итн.
За време на годините на истражување, контролната група се проширила. Во седумдесеттите години, биле вклучени уште 456 испитаници, а 40 од нив се сè уште живи и денес. Пред повеќе од декада, во истражувањето биле вклучени и жени.
Низ студијата, истражувачите ги проучувале прмените во здравствената состојба на учесниците и нивното пошироко живеење, вклучувајќи ги успесите и неуспесите во кариерата и бракот. Резултатите до кои дошле се одлични лекции, не само за истражувачите.
„Изненадувачкото откритие е дека нашите односи со другите и колку сме среќни во нив има силно влијание врз нашето здравје“, вели Роберт Валдгинер, водач на студијата, психијатар и професор по психијатрија на Медицинскиот факултет во Харвард. Тој вели и „Важно е да се грижите за своето тело, но тежнеењето кон вашите односи е исто така облик на грижа за себе. Тоа, мислам, е откровение“.
Блиските односи, многу повеќе од парите или славата, е тоа што ги прави луѓето среќни и исполнети во животот, гласно говори студијата. Овие врски ги штитат луѓето од незадоволството на животот, помагаат да се намали менталниот и физичкиот пад и се подобри предиктори за долг и среќен живот за разлика од социјалниот сталеж, интелигенцијата, дури и гените. Наодите говорат за истото и кај мажите испитаници од универзитетот Харвард и кај испитаниците од градот.
Истражувачите кои располагале со податоците, вклучувајќи огромни медицински досијеа и стотици интервјуа и прашалници, покажаа значајна поврзаност меѓу задоволството и квалитетот на живеење на мажите, со нивните односи со семејството, пријателите и заедницата. Неколку истражувања покажале дека нивото на задоволство на луѓето во нивните врски е подобар предиктор за нивното здравје отколку нивото на холестерол.
„Кога собравме сè што знаеме за нив на возраст од 50 години, не беше нивното ниво на холестерол тоа кое предвидува како ќе остарат“, изјави Валдингер. „Тоа е степенот на задоволство од нивните врски со другите луѓе. Луѓето кои беа најзадоволни во нивните односи на возраст од 50 години, беа најздравите на возраст од 80 години“.
Ирина Николовска – Психолог, Интегративен и Гешталт советник