ЖивотУбави совети

Што да пиете за време на студените денови?

Не постои друг идеален пијалок за ладни зимски денови како варено вино. Освен што добро затоплува, вареното вино може да има многу позитивно влијание врз здравјето. Вареното вино позитивно влијае на здравјето на срцето, ги ублажува воспалителните процеси во телото, ги прочистува синусите, дејствува антиоксидантно и детоксифицира, и го успорува процесот на стареење. Со овие карактеристики можеме да кажеме дека вареното вино е магичен еликсир кој ги решава сите наши проблеми!

Состојки:

2 мандрини
1 лимон
1 кисело јаболко
200 гр шеќер во прав
6 каранфилчиња
1 цимет стапче
3 ловорови лисја
морско оревче
1 ванила стапче
Малку анасон
2 шишиња црвено вино

Подготовка:

Излупете ги мандарините.
Ставете го шеќерот во тенџере на средно силен оган, додадете парчиња кора од лимонот и исцедете сок од мандарините.
Додајте го каранфилчето, цимет стапчето и ловоровиот лист.
Изрендајте морско оревче и мешајте кружно во ист правец.
Исечете од ванила стапчето по своја желба и додадете го во тенџерето.
Истурете вино доволно за да го покриете шеќерот. Оставете го полека да се вари се додека шеќерот не се растопи. Гответе го виното 4-5 минути, се додека не се направи густ сируп. Кога сирупот е подготвен, намалете го огнот.
Додајте го анасонот, преостанато вино и сецкано јаболко па промешајте и внимавајте да не врие. По 5 минути, тргнете го од оганот и послужете го.

Поврзани статии

Back to top button