Што вкусно да ручате денес?
За денес ви подготвивме супер вкусен и необичен рецепт: Полнети компири!
Потребни состојки: 1кг компири (делумно сварени) и 2дл кисела павлака. За фил: 250гр ситно исечкано сувомеснато месо (свински врат или шунка), три големи лажици магдонос, 1дл кисела павлака, 2 ситно исечкани тврдо варени јајца, сол и бибер по вкус.
Подготовка: На компирите хоризонтално исечете им го врвот (капа) и зачувајте го. Внатрешниот дел од компирот издлабете го со мала лажичка, посолете го и наполнете го со филот. Сите состојки за филот добро измешајте ги да добиете хомогена смеса. Секој наполнет компир поклопете го со неговата капа. Наредете ги на плех кој најпрво ќе го намастите, потоа секој компир прелијте го со лажица маслиново масло, посолете го печете ги во загреана рерна на 200степени се додека не заруменат. Десет минути пред да ги извадите од рерната, прелијте ги со кисела павлака. Послужете ги топли.