ЖивотУбави совети
Чоколадни коцки со авокадо!
За денес одбравме здрав и вкусен десерт. Авокадото е одлично за нашето здравје, па затоа треба да го употребуваме често. Овој десерт е идеален за оние кои внимаваат на килограмите. Добар апетит!
Потребни состојки:
- 120 грама пире од јаболки
- 120 грама мед
- 1 лажичка ванила екстракт
- 3 големи јајца
- 50 грама кокосово брашно
- 1 големо авокадо (зрело)
- 40 грама какао
- 1 прашок за пециво
Подготовка: Загрејте ја рерната на 180 степени. Во голем сад измешајте ја содржината од авокадото, пирето од јаболка, медот и ванила екстрактот. Додадете ги јајцата едно по едно и матете со миксер додека смесата не стане хомогена. На крај додадете ги кокосовото брашно, какаото и прашокот за пециво. Промешајте добро и прелијте ја смесата во плех обложен со хартија за печење. Печете го во веќе загреаната рерна 30 минути. Оставете да се олади па исечете го на коцки.