Чоколаден десерт за дијабетичари!
Подгответе вкусен чоколаден десерт!
Потребни состојки: 150гр мелени бадеми, 300гр специјален шеќер за дијабетичари, 50гр еурокрем за дијабетичари, 100гр темно чоколадо со лешници, 100гр мелен кекс, 2 лажици масло, 2 лажици какао и 100гр темно чоколадо за готвење.
Подготовка: Во длабок сад ставете 300гр шеќер, додадете 100мл вода и ставете на оган да проврие. Кога ќе почне да врие варете уште три минути, па потоа тргнете од оган. Во топлиот шербет додадете го чоколадото, какаото, мелените бадеми и кексот и убаво измешајте. Од добиената смеса обликувајте бомбици, коцки или срциња. Ставете ги да стојат во замрзнувач околу 3 часа. Во две лажици брашно растопете го чоколадото и прелијте ги колачињата. Оставете во фрижидет некое време додека да се стегне глазурата.
И не претерувајте, навистина е вкусно, но сепак и овој десерт содржи доста калории!