ЖивотУбави совети

Често ви се случува да заборавите некој роденден или обврска?

Дали заборавате? Дали често ви се случува да заборавите некој роденден или обврска? Дали некогаш сте влегле во кујната и не сте знаеле за што сте влегле? Оваа заборавеност нема никаква врска со годините или со полот, и не е предодредена од големината на мозокот. На оваа состојба најмногу влијае начинот на живот, и со текот на времето се опуштивме и “заборавивме” да го користиме мозокот. Ако го заборавите името на актерот од вашата омилена серија или филм, полесно е да го земете телефонот и да погледнете преку интернет отколку да го се потрудите да се присетите. Нели?

Сите сме родени со одредена количина на неврони, а стареењето го намалува бројот на нервните клетки. Сепак, новите истражувања велат дека допаминот може да предизвика формирање на нови неврони во мозокот на возрасен човек. Значи, допаминот е поврзан со мозокот, што значи дека се уште постои надеж за подобрување на неговата функција.

Еве како да го подобрите вашето здравје и функцијата на мозокот!

Вежбајте го мозокот. Читајте, решавајте крстозборки и учете секојневно по нешто ново.

Тренирајте поради тоа што физичката активност е исклучително важна за здравјето на мозокот.

Јадете храна полна со Омега 3 масни киселини, непреработена и органска.

Дружете се, оти дружењето и комуникацијата со други луѓе е потреба за стимулација на мозокот.

Испробувајте нови работи, научете нов јазик, нова песна или научете да свирите на некој инструмент.

 

Поврзани статии

Back to top button