ЖивотУбави совети

Чаевите се здравје, еве токму кој за што е!

Чајот треба да ви биде навика и во летните и во зимните денови. Соковите заменете ги со чај, но, внимавајте секогаш на количината. Чајот има и многу малку калории, една голема чаша содржи само четири калории. Во него има и мало количество на витамини, а секојдневната употреба го подобрува тонусот на организмот, ја враќа силата по вондредни напори и му помага на целотот тело и организмот да оздрави.

Анасон лекува тешко варење, кашлица, астма, слабост, цревни гасови, тешко дишење, како и тешко лачење на млеко кај доилките. Липа лекува настинки, бронхијални тегобии, нервоза и несоница, болки во стомакот и тешко варење. Посебно е добар за поттикнување на потење при настинка и ја намалува телесната температура. Жалфија лекува нарушувања на работата на срцето и на нервите, менструални тегоби, воспаление на устата и грлото, воспаление на цревата и претерано потење. Мајчина душичка е ароматичен зачин кој се употребува многу во кујната, додека неговата употреба за медицински цели е запоставена. Сируп против кашлица се подготвува од екстрат од мајчина душичка измешан со мед. Чајот помага за решавање на проблеми со бронхиите, го запира развојот на микроорганизмите и делува антисептично. Нане ги смирува нервите, помага при несоница и ако се пие секојдневно, ги подобрува изгледот и тенот. Ја поттикнува работата на органите за варење, ги елиминира гасовите, има благо антисептично дејство, го отстранува непријатниот мирис од устата и ги релаксира мускулите.

 

 

Поврзани статии

Back to top button