Убави книги и филмови
Филм за убав ден
За денеска одбравме филмска драма која нема да ве остави рамнодушни.
Филмот го следи животот на три парови кои живеат во три различни градови: Париз, Рим и Њујорк, со сите нивни подеми и падови. Филмот е приказна за љубовта и омразата, за партнерите, љубовниците и децата, за неверствата, фрустрациите, разочарувањата, испомешаните емоции…
“The Third Person“ е режиран од Пол Хаџис, а главните улоги ги толкуваат Лиам Нисон, Оливија Вајлед, Мила Кунис, Џејмс Франко, Едриен Броди и Морин Атлас.