Убави книги и филмови
Филм за убав ден
Убавиот ден не поминува без убав филм. За денес, одбравме супер интересна комедија која ќе ве насмее до солзи и која мора да ја изгледате.
Нашиот предлог е Bridget Jones’s Baby со симпатичната Рене Зелвегер. Режијата е на Sharon Maguire, а во главните улоги освен Зелвегер се појавуваат и Колин Фирт и Патрик Демпси.
Ова е третиот филм од франшизата „Дневниците на Бриџит Џонс“ и со сигурност ќе ве освои. Имено, Бриџит останува бремена, но има еден мал проблем.
Не знае дали таткото на бебето е нејзината вечна љубов, Марк Дарси или странецот кој случајно се појави во нејзиниот живот. Ова е филм кој долго ќе го прераскажувате со вашите пријателки, затоа изгледајте го уште денес!