ЖивотУбави совети

Фенг шуи може да ви помогне да изгубите тежина – дознајте како!

Нездравата храна, генерално лошите навики во исхраната и неактивноста се најчестите причини за дебелината. Кога ќе одлучите да ја намалите тежина, пред да одберете како ќе го направите тоа, треба да ја откриете причината за вишокот килограми. Некогаш е од емоции, некогаш не. Фенг шуи може да биде дополнителна помош во губењето на тежината.
Стресот е една од најчестите причини за дебелината. За да го спречите стресот, бидете сигурни дека енергијата е здрава во вашиот дом.

Влезната врата треба да биде пространа. Избегнувајте големи парчиња мебел кои ќе ја блокираат влезната врата. Ходниците треба да бидат уредни, со малку или дури и без непотребни работи, а прозорците во куќата чисти. Секое утро нека светлината влезе во куќата за да ја обнови енергијата.

Според Фенг Шуи, кога зборуваме за здравјето и исхраната, кујната е најважната просторија во куќата. Ако сакате да се чувствувате енергично и свежо кујната треба да биде чиста и средена. За да ја намалите телесната тежина, исчистете ја прво кујна темелно и отстранете ја храната што треба да ја избегнувате. Чистете ја корпата за ѓубре. Постојано менувајте и не дозволувајте да ви стои ѓубре во домот.

Поставете огледало на фрижидерот за да се видите секој пат кога ќе го отворите фрижидерот. Поставете чинија со свежо овошје на масата во кујната. Некои експерти од Фенг Шуи тврдат дека кујната го претставува дигестивниот тракт на нашето тело, така што треба редовно да ја чистите од ѓубре.

Потребно е да се ослободите од сите работи што ве потсетуваат на зголемување на телесната тежина, како стари панталони што ќе можете да ги носите повторно кога ќе изгубите уште 5 килограми… Треба да се ослободите од сите работи кои предизвикуваат да се чувствувате уморни и немотивирани.

Дневната соба, трпезаријата, канцеларијата или работната просторија треба да бидат обоени во пастелни бои. Боите на среќа ја стимулираат енергијата на просторијата и ја зголемуваат виталноста. Тоа ќе ви помогне да бидете поконзистентни и физички активни, што од своја страна ќе придонесе за губење на килограмите. Кујната треба да биде насликана со живописни бои, по можност црвени тонови. Црвената боја делува исклучително активно. Ако сакате да го активирате телото и енергијата, ставете црвени предмети во вашиот дом. Од друга страна не треба да обирате плочки во црвена боја или оние со огнени бои (портокал, интензивна жолта или розова), бидејќи тие го поттикнуваат апетитот. Затоа честопати ќе најдете црвени чаршафи во рестораните, оти тие активираат и зголемуваат апетитот. А вие, ако сакате да јадете помалку, јадете од сина керамика или некоја друга смирувачка боја.

Поврзани статии

Back to top button