ЖивотУбави совети

Фантастични причини зошто треба да престанете да ги слушате другите кога станува збор за брак

Луѓето кои се во брак подолго време имаат навика да заборават како е да се биде сам.

Веројатно сте забележале дека кога не сте во врска долго време, сите ваши пријатели кои се во брак одеднаш стануваат експерти во областа на врските и ви даваат бесконечено совети кои вие не сте ги побарале. И иако нешто може да се научи од луѓе кои се во среќен брак, сепак секој од нас е приказна за себе и секоја љубовна приказна е единствена, што би значело дека добронамерните совети не се секогаш добри или ефективни. Во следните редови, прочитајте ги причините зошто треба да престанете да ги слушате другите за бракот.

Тие не сте вие– Ова е всушност една од најдобрите причини што секогаш треба да ги имате предвид кога некој од вашите оженети пријатели ќе започне да го споделува својот став за вашата ситуација. Вашиот живот, вашата одлука. Тие не сте вие.

Стресот е искуство за кое немате потреба – Ако присуствувате на семејна вечера на која присуствуваат многу тетки и чичковци, како и вашите сестри во брак, меѓу кои вие сте единствената што нема прстен на раката, тогаш е многу веројатно дека порано или подоцна ќе дојде прашањето за вашиот брак. Без разлика дали сте во врска или не, стресот што може да го доживеете додека го доведувате во прашање вашиот љубовен живот, едноставно не вреди.

Нестрпливи – Ако им дозволите на семејството и пријателите да манипулираат со вашето размислување, лесно може да се случи вашата сакана личност да ја донесете во ситуација дури и да размисли дали сака да се омажи за вас, бидејќи сте опседнати со темата.

Сè уште не сте подготвени за тоа – или можеби никогаш нема да бидете подготвени, што е сосема во ред. Повеќето жени во вашето семејство можеби се венчале на 18, 20, 22 години, но ако сè уште не се гледате себеси во брак на 32 години, не треба да попуштате под притисок и да дозволите да ве убедат дека времето ви истекува.

Поврзани статии

Back to top button