ЖивотУбави совети

Три јасни знаци дека партнерот е неверен

Кога станува збор за врските, изневерувањето од партнерот е нешто што не се простува. Проблемот може да дојде дури и кога се сомневате дека вашиот партнер ве изневерува, но не можете да го докажете тоа. За среќа, телото зборува за нас повеќе отколку што мислиме, па дури и во овој случај. Ако вашиот партнер крие нешто, ќе можете тоа да го прочитате од неговиот став и однесување.

Овие знаци може да укажуваат на тоа дека вашите сомневања можеби биле точни:

Немате пристап до неговиот телефон

Ако вашиот партнер изреагира веднаш штом ќе се доближите до неговиот телефон, тоа би можело да биде знак за да ве изневерува. Истото важи и ако го остава телефонот на местото каде што не можете да го видите (го крие).

Нервозен е кога зборувате за некоја личност

Ако мислите дека вашиот партнер ве изневерува со некоја личност која што ја познавате и која е дел од неговиот живот, и ако вашиот партнер станува напнат кога зборувате за таа личност, тоа може да биде добар знак дека ве изневерува. Обрнете внимание на неговото однесување кога е во близина на личноста за која се сомневате.

Тој е затворен за вас

Луѓето кои изневеруваат се затворени за нивните партнери. Можно е да се чувствуваат лошо, поради тоа и нивниот јазик на телото е затворен за нивниот партнер.

Лицето кое изневерува најверојатно ќе создаде и ќе задржи растојание, помалку ќе ве допира, и помалку ќе биде во ваше друштво.

Поврзани статии

Back to top button