Убави книги и филмови

Три супер интересни книги – предлог книги за убав ден!

За денес одбравме три нови книги кои со сигурност ќе го задржат вашето внимание се до последната страница.

Поканата (Вај Киленд) Го запознав Хадсон Ротшилд на свадба. Неочекувано имав добиено покана за во еден од најелитните ресторани во градот. Хадсон беше кумот и веројатно најпрекрасниот маж кој некогаш сум го видела. Ме покани да танцуваме, а хемијата помеѓу нас беше неопислива, речиси нереална. Знаев дека не беше добра идеја да се плеткам со него со оглед на тоа на чија свадба се наоѓав. Но конекцијата беше ненормална и одлично си поминував. Но забавата нагло запре кога Хадсон сфати дека не сум таа што реков дека сум. Видете вака, во врска со неочекуваната покана што ја добив. Па, таа всушност не ми беше испратена мене – ѝ беше испратена на мојата бивша цимерка, која ме зезна за киријата за последните два месеци и побегна некаде сред ноќ. Сметав дека ми должеше барем едно добро скапо излегување, но технички, бев падобранец на свадбата. Па кога бев разоткриена, побегнав најбрзо што можев. И мислев дека успешно избегнав проблем… сѐ додека не ми текна дека си го оставив мобилниот на масата. Погодете кој го нашол? Тоа е лудата приказна за запознавањето со Хадсон. Но верувајте ми, ова не е ништо во споредба со сѐ што следеше.

Подарокот (Себастијан Фицек) Милан Берг стои на семафор кога одеднаш до него застанува возило. На задното седиште седи ужасно преплашено девојче со солзи во крупните очи. Таа очајно се обидува да залепи една порака на прозорецот за да му каже нешто. Дали бара негова помош или се работи за нешто друго? Милан не може да ја прочита пораката – тој е неписмен. Само еден од над два милиони луѓе во Германија кои не знаат да читаат и пишуваат. Но чувствува во себе: девојчето е во смртна опасност. Кога тргнува да ја бара, за него почнува една кошмарна одисеја, а на крајот го чека злокобно сознание: понекогаш вистината е премногу ужасна за да можеме да живееме со неа, па способноста за игнорирање е најголемиот подарок што може да постои!

Шах мат (Р. Л Метјусон) Не постои нешто полошо од тоа да живееш врата до врата со твојот непријател од детството, освен можеби да си принуден да соработуваш со него на проектот од твоите соништа, да бидеш уценуван да се согласиш на нешто што едноставно знаеш дека не е во ред и некој да ти го краде какаото. Сѐ додека има многу какао, алат во рака и успева да одолее на опасниот шарм на Конор О’Нил, Рори Џејмс би требало да може да го преживее проектот со сочуван здрав разум. Но, ако не успее… Веројатно ќе помине уште некоја ноќ во затвор, ќе добие уште некоја забрана за приближување и ќе го изгуби умот по човекот кој ѝ го уништува животот…

Поврзани статии

Back to top button