Три гршки кои ги прават 90% од партнерите во денешно време…
Кога врската стагнира и е во криза, се разбира, треба да ја подобриме ситуацијата, но некогаш многумина од нас решаваат дека треба да се прежиивее и да се истрпи се. Сепак, понекогаш сте обиди може да бидат очајни, бидејќи за некои врски навистина немаат спас:
Ова се трите најлоши обиди да се спаси врската за која нема надеж:
Глумење дека се е во ред
Раскинувањето е за некои луѓе непријатност и срамна работа, па затоа одлучуваат дека е подобро да се помират дека работите едноставно треба да се такви какви што се. Ова не вклучува само глумење пред роднини и пријатели – паровите кои се обидуваат да ги игнорираат сите нивни проблеми често глумат дека е се во ред дури и кога се сами во своите четири ѕида.
Тие се одлучуваат за брак
Мора да сте слушнале за барем еден пар кој долго време не бил среќен, но наместо да слушнете дека маката завршила, бевте изненадени со покана за свадба. Стравот од раскинување кај некои луѓе е толку силен што понекогаш ќе ги преземат сите чекори со кои ќе биде уште потешко да се изржи понатака.
Решаваат дека е време за бебе
Иако ова е погрешен пристап, голем број луѓе сѐ уште мислат дека пристигнувањето на дете ќе ги реши работите во врската кои ги мачат. Се разбира, на сите им е сосема јасно дека детето само ќе го одложи неизбежниот крај. Ако не сте добри заедно, кога сте сами, многу е неодговорно да очекувате детето да ве претвори во двојка од соништата.