ЖивотУбави совети
Тренинг за рамен стомак: Идеални вежби за согорување на стомачни маснотии
Ако спаѓате во групата на оние кои акумулираат вишок килограми во стомакот, одвоивме ефикасни вежби токму за вас. Покрај фактот дека стомакот е естетски проблем, поширокиот обем на струкот е поврзан со зголемен ризик од срцеви заболувања, дијабетес и некои видови на рак. Затоа, донесовте правилна одлука ако сте решиле да ги согорите масните наслаги од стомакот. Секако, тоа е долготраен процес кој бара регулирање на исхраната, но и физичка активност.