ЖивотУбави совети

Торта со малку калории – здрава и вкусна!

Ако сте чокохоличари, никогаш нема доволно рецепти за чоколадни деликатеси. И сега, можно е да се направи вкусна чоколадна торта која е исто така здрава. Без шеќер, масло, глутен или млеко, а едно парче има само 100 калории.

Потребни состојки:
1 1/2 чаши брашно без глутен
1 чаша кокосов шеќер
¼ чаши путер од какао
1 лажичка сода бикарбона
½ лажички сол
1 лажичка јаболков оцет
1 лажичка екстракт од ванила
6 лажици незасладено пире од јаболко
1 чаша вода

За фил:
½ чаши стопено кокосово масло
3 лажици јаворов сируп или мед
½ чаши какао во прав
1 чаша сос од јаболка (исечени и испасирани јаболка)
1 лажица густин (по избор)

Подготовка:

  1. Загрејте ја рерната на 180 степени. Обложете плех од 20 см со хартија за печење.
  2. Во голем сад истурете брашно, засладувач, какао, сода бикарбона, сол и промешајте.
  3. Додадете екстракт од ванила, јаболков оцет и незасладено пире од јаболка и добро измешајте.
  4. Истурете вода во смесата и мешајте додека не добиете хомогена смеса.
  5. Истурете во плех и печете 25 до 30 минути.
  6. Оставете да се излади, па премачкајте со фил.

Како да подготвите чоколаден вегански крем:

  1. Измешајте кокосово масло, засладувач и какао во прав. Мешајте додека не добиете сјајна, течна чоколадна смеса.
  2. Додадете сос од јаболка и повторно добро измешајте.
  3. Оставете во фрижидер најмалку 20 минути, да се стегне малку. Ако мислите дека кремот е редок, додадете лажица густин.
  4. Премачкајте ја тортата и… уживајте!

Поврзани статии

Back to top button