ЖивотУбави совети

Топла салата со боранија, одлична идеја за денешната вечера!

Доколку ви се најавиле гости, или едноставно сакате вкусна, здрава и брза вечера рецептот кој ќе го прочитате во продолжение е навистина примамлив и вкусен. 

Потребни состојки:
800-900гр жолта боранија, замрзната или свежа
3 лажици маслиново масло
130гр сецкана сланина
2 лажици јаболков оцет
300гр шери домати, исечени на половинки
1 мал црвен кромид ситно исечкан
2 чешниња лук, ситно исечкани
1/3 чаша исечкан босилек
сол и бибер по вкус

Подготовка:
Сварете ја боранијата. Исцедете ја што е можно повеќе.
Во тава додадете маслиново масло и штом се загрее испржете ја сланината (околу 7-8 минути). Отстранете ја тавата од оган и додадете оцет, домати, кромид, лук и босилек. Ставете ја боранијата во длабока чинијата и истурете ја содржината која ја пропрживте во садот, додадете сол и бибер по вкус. Послужате ја оваа салата топла.

Поврзани статии

Back to top button