Килимот носи драстични промени во секој ентериер, a дали тоа ќе биде на подобро или на полошо, зависи од тоа колку добро ќе го изберете
Килимот носи драстични промени во секој ентериер, a дали тоа ќе биде на подобро или на полошо, зависи од тоа колку добро ќе го изберете. Затоа, следете ги советите како да изберете соодветни димензии, форми и правилна позиција на килими за различни простории во домот.
Килимот создава сосема нов амбиент во секоја соба каде што ќе го поставате. Големата промена што ја носи може да биде фантастична, но исто така и катастрофална. Неговиот ефект, се разбира, зависи од тоа колку добро ќе го одберате – дури и најдобриот и најлуксузниот килим може да изгледа лошо доколку не е соодветен за просторот во кој ќе го поставите, додека пак со поскромни модели, со внимателен избор, можно е да се направи чудо.
Највисокиот квалитет, кој по правило е директно поврзан со цената, секогаш е добредојден ако можете да си го дозволите тоа. Меѓутоа, кога купувате тепих на прво место треба да ви бидат неговата форма, димензиите, бојата и дезенот. Еве неколку упатства кои треба да ги имате на ум при изборот на тепих за секоја соба.
Изберете тепих кој ќе биде соодветен со собата.
Обликот и големината на просторијата, односно просторната единица за која купувате тепих, треба да ви биде појдовна точка. Правилото за пропорционалност секогаш се применува – колку е поголема просторијата, толку е поголем потребниот килим.
Неколку сантиметри можат да бидат од суштинско значење во тоа дали вашиот тепих ќе ја заокружи собата како целина, или едноставно ќе се изгуби во просторот. Ако се сомневате помеѓу два модели кои се разликуваат по големина, дури и ако таа разлика е минимална – секогаш одлучете се за поголемиот.
Визуелизирајте го последниот изглед. Ако најдете тепих за кој мислите дека ќе одговараат на вашиот простор, пред да го купите, проверете дали навистина е соодветен и токму каде е најдобро да го поставите во просторот. Со самолепливи ленти означете ја точната форма, (димензии и положба на посакуваниот тепих на подот) кога ќе ги обележите границите, лесно ќе можете да визуализирате дали модел кој ви се допаѓа навистина се вклопува во вашиот ентериер.