ЖивотУбави совети

9 супер совети за беспрекорна шминка!

Шминката е завршниот, финалниот чин на негуваниот и здрав изглед. Речиси секоја жена се чувствува поубаво, посилно и подобро кога на лицето ќе и блесне беспрекорно добра шминка. Во зависност од тенот, бојата на очите и на косата, а и личниот вкус секоја една жена има свој стил на шминкање. И модните трендови диктираат промени во шминкањето на лицето, но, најдобро е да се негува свој личен стил со прифатливо испоробување и усвојување на новитетите. Она што навистина е важно кај нашминканото лице е да изгледа уредно, шминката да не биде разлеана и размачкана, особено околу очите и усните. А, тоа е честа причина поради која многу жени ја избегнуваат шминката особено во летниот период и високите температури. За голема среќа, денес постојат голем број козметички производи, толку усовршени што се отпорни на сонцето, потта и водата, кои преку целиот ден остануваат на вашето лице во непроменета форма.Но, тие се и најскапи. А, тајната на совршениот изглед не е и секогаш најскап производ.

Неколку мали трикови ќе ви помогнат вашето лице да биде секогаш совршено нашминкано:

Подгответе ја кожата. На исчистено лице ставете лесен крем чиј вишок ќе го отстраните со хартиено марамче.

Карминот ќе остане подолго време непроменет ако и на усните ставите течна подлога.

Пред да ставите кармин, исцртајте ги усните со моливче.

Подлогата ќе остане подолго време на лицето и ќе биде речиси непроменета ако преку веќе нашминканото лице поминете со коцка мраз.

Не ставајте дебел слој подлога, за да ја размачкате подобро, употребете влажно сунѓерче. Руменилото е корисна помош против премногу сјајно лице.

Ситните капилари, мозолчина и флеки прекријте ги со коректор кој ќе го ставите под подлогата.

Ако лицето ви сјае, а тоа не ви се допаѓа поминете го со бела бебешка пудра во прав и набрзина ќе го изматирате.

Со лак за коса на крај од шминкањето како финален дел испрскајте го лицето од далеку и со тоа ќе ја фиксирате шминката.

 

Поврзани статии

Back to top button