Супер идеја за брз саботен ручек
Во денешно време ретко кога имаме доволно време и постојано брзаме некаде. Особено во сабота. Брзаме да испазариме, да ги платиме сметките, да се видиме со пријателите, да прошетаме некаде, а сепак сакаме да го собереме семејството на добар ручек.
Затоа ви нудиме идеја за ептен брз и вкусен ручек кој нема да ви одземе многу време, а сепак е толку многу добар. Подгответе ги брзите шницли на француски начин.
Потребни состојки за 4 лица:
4 шницли (пилешки или свински)
2 до 3 јајца
250 гр рендан ајдамер
Сол
Вегета
Брашно
Масло
Оригано
Начин на подготовка:
Посолете ги шницлите и оставете ги малку да отстојат на собна температура, околу половина час. Намачкајте ја тавата со масло и наросете малку оригано. Шницлите прпелкајте ги во брашното, па во разматените јајца во кои претходно ќе ставите малку вегета и сол. Ставете ги шницлите во тавата. Врз нив, ставете го ориганото, па печениот кашкавал. Печете во загреана рерна на 200 степени околу половина час.
Како прилог за ова јадење, ви предлагаме да сервирате златна мешавина, која претходно малку ќе ја пропржите на тивок оган со малку кромид и на која ќе и додадете оригано, вегета, црн бибер и кисели краставички или пак печени компири, кои ќе ги печете со путер и суво нане.