МодаУбави совети

Старите апостолки претворете ги во нови штосни сандали!

Не фрлајте ги старите апостолки! Или, од новите обични создадете уникатни и несекојдевни сандали. На нас жените обично за брзо време, за кратко носење знаат да ни здосадат некои модни парчиња, па ова е супер идеја за промена.

Се што ви треба е една голема марама која ќе ја поделите на пола, ќе ја исечете и ќе ја замотате околу ремчињата се до крајот, а потоа врзете си штосна голема панделка над зглобовите. Марамата може да ја менувате во зависност од целиот аутфит. Секој ден може да имате нови сандали. Со малку труд и креативност ќе добиете модерни и уникатни сандали за секој ден!

 

 

Поврзани статии

Back to top button