ЖивотУбави совети

Справете се со прашината во вашиот дом!

Бришењето на прашина е обврска која најчесто ја извршуваме во недела и која знае добро да не изнервира бидејќи само по еден ден бришење на прашина, веќе следниот има нова.

Ви нудиме неколку практични совети кои ќе ви помогнат да се справите со најголемиот непријател во домот.

Заборавете на популарното прашко: тоа прави поголема штета. Во суштина не ја брише прашината, само ја разлетува наоколу. Уште полошо е што на него се собира прашина, па чистењето со ова помагало е залудно.

Исчистете ги климите и грејните тела: ваквите уреди собираат големо количество на прашина која буквално лета насекаде низ домот и се таложи. Затоа пред да бришете прашина од комодите и масите, најпрвин исчистете ја од прав климата, панелот или греалката.

Не бришете прашина со сува крпа. Користете влажна крпа на која прашината ќе се залепи, наместо да се разлетува.

Редовно чистете го филтерот за прашина на правосмукалката бидејќи тој е еден од најголемите создавачи на прав.

 

Поврзани статии

Back to top button