ЖивотУбави совети
Одличен рецепт за вкусни солени крофни!
Бидете креативни, наместо добро познатите благи и полнети пригответе солени и вкусни крофни. Едноставен и брз рецепт ви нудиме во продолжение.
Состојки:
400гр брашно
Сол
1 квасец
60гр путер
5 лажици млеко
Зејтин
Од брашното, солта, квасецот и малку вода се меси тесто. Се остава да се одмори околу половина час па се додава путерот и млекото и повторно се меси. Се сука кора и се вадат кругови со помош на чашка. Во загреан зејтин се печат неизменично од двете страни. На сад обложен со салфетки вадете ги и изладете ги. Комбинирајте ги со што сакате, убав апетит!