Со зелена салата до минус килограми!
Јадењето зелена салата секој ден е една од најздравите и наједноставните навики во исхраната што може да ги прифатите, тврдат нутриционистите.
Можете да ја подготвите дома за пет минути, да ја зачините со ниско-масен и нискокалоричен прелив или да додадете друг свеж зеленчук во неа. Марулата е богата со растителни влакна кои помагаат во намалување на нивото на холестерол во крвта и е корисна за спречување на запек. Јадејќи зелена салата, ќе се чувствувате сити, па ќе јадете помалку и ќе слабеете без да се изгладнувате. Ако јадете редовно марула, веројатно ќе го зголемите нивото на моќни антиоксиданти во крвта (витамини Ц и Е, ликопен, фолна киселина, алфа и бета каротен) кои го штитат организмот од слободните радикали.
Луѓето кои јадат многу зеленчук и овошје имаат помал ризик од рак во пределот на главата и вратот, дури и ако пијат и пушат, покажало неодамнешното истражување на американскиот Национален институт за рак. Маслиново масло, свеж зеленчук и ореви како зачин за зелена салата, секако го продолжуваат животот, заклучиле истражувачите.