ЖивотУбави совети

Сладок десерт со бадеми за престојниот празник!

Се ближи најубавиот верски празник а со тоа и нашата желба за подготовка на слатки десерти расте. Имаме супер интересен рецепт за вас – црн колач!

Потребни состојки:  2 банани , 20гр какао, 150гр путер, 120гр шеќер, 2 јајца, 70гр брашно, 60гр црно чоколадо и 1 кесичка прашок за печиво.

За филот: 100гр чоколадо за готвење, 50мл слатка павлака, 50гр бадеми и сладолед од ванила.

Подготовка:  50гр путер растопете и измешајте го со какао. Преостанатиот путер изматете го со миксер заедно со шеќерот. Додадете јајца и какао во смесата, а потоа измешајте ги со брашното, прашокот за печиво, испасираните банани и исечканото чоколадо. Прелијте ја смесата во тава 20×20 и печете во рерна на 180степени околу 45 минути. За филот загрејте ја слатката павлака да биде жешка, но да не проврие, додадете го искршеното чоколадо и добро измешајте. Прелијте го преку оладениот испечен колач и декорирајте со бадеми. Служете го колачот со топка сладолед или овошје по желба.

 

Поврзани статии

Back to top button