Ситите не ги разбираат гладните, здравите никогаш нема да ги разберат болните
Бог ги создал сите луѓе различни. Секој од нас има различен живот,свој начин на живот, свои животни искуства. Ситите не ги разбираат гладните, здравите никогаш нема да ги разберат болните. Човек кој не поминал низ таги и неволји не го разбира ожалостениот. Среќниот татко не го разбира таткото кој го загубил своето дете. Новите брачни парови не можат да го разберат разводот. Човек кој има живи родители не може да го разбере оној кој штотуку си ја закопал мајка си. Можеби ова не ви се допаѓа, но тоа е животната пракса. Честопати немаме некакво животно искуство, а кога ќе почуствуваме нешто на своја кожа, ќе ни текне на оние што сме ги осудиле, со кои сме биле строги и почнуваме да сфаќаме дека во тие моменти сме биле како безчуствителни кукли. Не сме сфатиле како се чувствува некој човек. Сме се обиделе да го поправиме, а тој немал потреба од забелешки. Од мака не му било дојдено до ништо, душата му страдала, немал потреба од совети и поуки. Се што му требало во тој момент било сочувство, сочувство и утеха, но ние ништо не гледаме. И кога Бог нè носи преку истото, ние почнуваме да го чувствуваме она што го почувствувал другиот.
татко Сергеј Филимонов