Сенка сакам да ми бидеш ти…
СЕНКА
Сенка сакам да ми бидеш ТИ,
да ме пратиш секаде каде одам
‘ко да си вечен мој ангел чувар,
да ме чуваш во сонот – од лоши и зли луѓе,
секогаш само насмевки и радост да ми делиш,
тагата да ја заборавиме – да и речеме засекогаш збогум,
кога ми е најтешко да знам
дека однекаде ќе се појавиш ТИ,
да ми ја пружиш твојата поддршка и грб
која одсекогаш и тоа како ми е потребна,
засекогаш да ги сопреш моите солзи
да ми кажеш во очи – не плачи,
исправи се гордо млад човеку
тука сум јас покрај тебе,
заедно да ми помогнеш да ги пребродиме сите неправди,
да ме извлечеш засекогаш од овие 4 ѕидови
за миг да ме ставиш во друштво на млади луѓе и пријатели
таму каде што мислам
дека на секој млад човек му е местото.
Ах, пуста и да останеш кај си отишла
појави се однекаде да го спасиш овој млад човек
кој те бара за да му ги скратиш засекогаш неговите маки,
но изгледа тебе те нема
и залудно однекаде те чека да се појавиш
ти по се изгледа си само бледа сенка и илузија,
за овој млад човек но ништо повеќе од тоа.
Ех, пуста и да останеш сенко моја кај и да си отишла
на планетава завек и далеку од овој млад човек.
Автор: Наташа Алексовска