Од васУбави муабети

Сеанса со себеси…

Подолу ќе имате можност да прочитате една многу убава песна, песна за животот и за тоа како треба да се живее. Овие стихови се дело на Софија Трајковска, дипломиран педагог по професија, која обожава книги и ужива во убавиот пишан збор. Уживајте.

-СЕАНСА СО СЕБЕСИ –

Гласно, од длабочината на своите бели дробови

исцеди ја сета негативна енергија, онака како кога се цеди лимонов сок.

Нека ја дувне ветрот, небаре дуваме во глуварче и потоа

му се радуваме кога ќе го видиме на небото.

Лутината спастрија.

Нека не ти бега како див коњ на некосена ливада.

Уживај во убавините кои ти ги носи животот.

Вистината нека ти биде ѕвезда водилка по патот.

Афирмациите нека ти бидат навика, онака,

како кога го пиеш и по навика и првото утринско кафе.

Разбуди се! Освести се!

Се’ се буди, зар не го гледаш часовникот на природата?

Чекори мудро и цврсто. Достоинствено. Храбро чекори.

Ех, зошто ли да чекаме, кога може толку многу да направиме?

Зар така ли ќе исчезнеме, како кревки глуварчиња на ветрот?

 

Софија Трајковска

Поврзани статии

Back to top button