Јас преферирам да се шминкам со искреност наместо со скапи козметички препарати…
Не ме осудувајте веднаш. Не дека не користам козметички препарати, пудри, руменила, маскари и фиксатори. Па јас сум обична жена, и како и секоја друга обожавам да се разувавувам и да се шминкам секојдневно.
Но, пред легнување и по секое станување јас се шминкам со искреност. Искреноста секаде со мене ја носам, во мислите, во душата и во срцето. Јас одговорно тврдам дека внатрешната убавина е најважна на светот. Џабе ви се тие совршени полни усни и тие прекрасни очи ако од нив не излегува топлина и искреност.
Се грижам и јас за надворешниот изглед, не дека не… Но, најважен ми е внатрешниот мир, а треба и на вас да ви е. Скапите порцелански насмевки не вредат ништо ако душата ви плаче. Беспрекорно исцртаните очи не гледаат исто како искрените, не испуштаат искри на радост и не влеваат доверба. А животот не е парада, не е маскенбал и театар. Ако одвнатре душата и мислите не ви се чисти, не шминкајте се залудно. Оти некој токму во нив треба некој да се вљуби, се друго е краткотрајно и минливо, верувајте ми!