Се сомнeвате дали вашата врска е на вистинскиот пат?
Овие неколку работи потврдуваат дека вашата врска е на вистинскиот пат.
1. Верувате се еден со друг
Ова е, секако, еден од најочигледните знаци на меѓусебно почитување. Довербата е многу важна, но не се создава преку ноќ. Но, самиот факт дека се трудите на овој аспект од вашата врска зборува доволно.
2. Ти дава простор
Треба да поминувате време заедно, но не премногу. Исклучително важно е да си давате доволно простор и да не се задушувате еден со друг. Ова е исто така еден од знаците на здрав и квалитетен однос.
3. Секогаш можете да бидете свои
Ако никогаш не чувствувате како ве навредува или критикува затоа што сте свои, тогаш вашата врска е дефинитивно на вистинскиот пат.
4. Поминувате доволно време заедно
Без разлика колку сте зафатени, секогаш наоѓате време еден за друг. Многу парови се разделуваат затоа што гледајќи ги другите обврски ја запоставуваат врската. Не бидете вие еден од тие парови.
5. Не се чувствувате загрозено
Вие се радувате во неговите успеси, тој е ваш пријател и вие се охрабрувате меѓусебно да напредувате. Во нормални и здрави односи, партнерите никогаш не треба да се чувствуваат загрозени од успехот на другиот, бидејќи вие не сте си конкуренција.