Од насУбави муабети

Сите доаѓаме на овој свет боженствено, така и да си заминеме!

На овој свет сите доаѓаме, растеме и умираме исто. Зошто да не живееме исто? Мојата вера ме учи да бидам добар, чесен, исполнителен, благороден, да помагам и да верувам. Јас навистина се трудам во секој ден од мојот живот така и да живеам. Семејството во кое сум родена и израсната, не прави разлика кој од каде доаѓа, која вероисповед е и колку школо завршил. Јас ги сакам луѓето и сакам тие да ме сакаат. Се трудам да не правам разлики, не дозволувам ова општество да ме труе со политички информации. Секој од нас треба сам од сопственото живеење, егзистирање и искуство да извлекува заклучоци. Јас сум родена во оваа земја. Овде живеам, работам, учам, другарувам, му се радувам на животот. Убаво е, корисно е секој од нас така да размислува.

Ајде да си ги пружиме дланките, и ние младите секој со своите убави и полезни искуства да го смениме ова наше општество кое нè труе со невистини, валкани политики за лични интереси. Сè се може, што се сака. Ние тоа го можеме, да се сакаме, да си веруваме и помагаме и победата е пред нас. Ве повикувам сите мои млади сограѓани, да митингуваме заедно против закоравените, лошите, безделниците. Да им покажеме колку е убаво да се живее во љубов, доверба и без предрасуди. Животот е пред нас. Сите доаѓаме на овој свет боженствено и така да си заминеме…

Поврзани статии

Back to top button