Убави вести

Се одржа тркалезна маса во организација на ГО „Една може!“ на тема „Еднакви права и можности за самохраните мајки“

На ден 30.10.2018 со почеток во 10 часот во Holiday Inn Скопје, се одржа тркалезна маса во организација на ГО „Една може!“ на тема „Еднакви права и можности за самохраните мајки“ на која беше презентирана сеопфатна „Анализа на состојбата на еднородителските семејства на самохраните мајки во Р. Македонија (извршно резиме)“ под авторство на експертски тим на Една може! составен од професор Боби Бадаревски, од катедрата за родовите студии на Кирил и Методиј, и беше отворена дискусија со примарните чинители. Форматот на тркалезна маса беше избран за да ги соедини сите засегнати страни во овој социјален проблем, првенствено примарните чинители – Министерството за труд и социјална политика на Р. Македонија, експертската јавност и крајните кориснички. Според работната агенда, свое обраќање имаа претседателка на Една може!, Дороти Пачкова – родов експерт, Мерсиха Смаиловиќ – правник и активист, Мила Царовска – министер за труд и социјална политика на Р. Македонија, г-а Љубинка Поповска – постар соработник од Државниот завод за статистика како и самохрани мајки, членки на Една може!. 

Присутни беа претставници/чки од интернационални тела за родова еднаквост и женски права и слободи, неколку претставнички од амбасади, професорки од релавнтни теми и голем број на самохрани мајки кои земаа збор.

По ислушаните експертски прилози, министерката за труд и социјална политика Мила Царовска се произнесе со став дека се работи за сложен процес во кој се зафатени повеќе засегнати страни, а овој вид на семејства се во одредена „сива зона, нерегулирани, недокажани“ што претставува проблем за стекнување граѓански права. Заради тоа, министерката посочи на потребата од соработка меѓу институциите невладиниот сектор и бизнис заедницата за создавање и менаџирање услуги како поддршка за овие семејства. Следствено на сето тоа, беше посочено на отворањето на законот за семејство, планирано во 2019 година, кога ќе отпочнат процесите на разгледување и регулирање на повеќе видови семејства во Р. Македонија при што ќе биде битно да се слушнат мислењата на сите засегнати страни од тоа прашање. 

По обраќањата на крајните кориснички, членките на Една може! и останати самохрани мајки гости на настанот, учесниците од локалната самоуправа – координаторките на комисите за еднакви можности на мажите и жените покажаа несензитивност за родовата димензија на овој социјален проблем, неупатеност а и елемантарно непознавање за женските права, родот а најмалку за родовите политики за кои пак Европската унија притиска да се имплементираат.

Тркалезната маса беше затворена со сумирање на препораките од полиси брифот произлезен од Анализата, кои се однесуваа на опции за тековни политики а еднородителските семејства и препораки до чинителите – МТСП, ЈУМ ЦСР, Локалните самоуправи и меѓународните и граѓански организации.

Линк од видеото од тркалезната маса: 
 

Поврзани статии

Back to top button