Се двоумите која книга да ја прочитате?
И денеска за вас одвоивме три предлог книги за убав ден. Уживајте!
Лето на љубовта (Кејти Форд) Кој знае каква љубов може да се доживее за време на летото? Шан Бишоп го напушти зовриениот град и започна нов живот на село. Со своето синче, градина како од разгледница и нејзината работа која доживува процут, среќна е и премногу зафатена. И одеднаш, една прекрасна летна ноќ, се појавува Гас Бересфорд. Истражувач, заводник, Гас е неверојатно возбудлив, предизвикувачки гламурозен и – како што Шан се убедува себеси – сосема погрешен избор за самостојна и претпазлива жена како што е таа. Но Шан и Гас се знаат од поодамна… И покрај нејзините намери, нема да помине долго време, а таа повторно ќе се вљуби во него..
Лола и момчето од соседството (Стефани Перкинс) Надежната дизајнерка Лола Нолан не верува во мода… таа верува во костим. Колку поизразита облека – посјајна, позабавна, полуда – тоа подобро. И животот, во тој свет на Лола, особено со нејзиниот дечко, сексипилниот рокер, е скоро совршен. Така и е, се додека во нејзиното соседство не се вратат ужасните близнаци Бел, Калиопи и Крикет и не го откопаат болното и навредливо минато за кое Лола мислеше дека е одамна закопано…
Исповед (Кери Болдвин) Велат дека Светецот од Санта Фе доаѓа да ти ја спаси душата – така што ќе ти го одземе животот. Новата психијатарка Фејт Кленси ќе го претрпи најголемиот шок во животот кога нејзиниот прв пациент ќе и се исповеда дека ги извршил грозоморните убиства на Светецот. Фејт, според законот, мора да им го предаде на властите, но дали нејзиниот пациент е Светецот? Или со тоа што ќе им предаде погрешен човек на властите, ќе придонесе за уште убиства? На Фејт ќе и’ биде потребна целата остроумност и помошта од моќниот соперник, Лук Џерико, ако сака да ја открие целата вистина. Но, не сфаќа дека, против своја волја, ќе стане пион во ѓаволската игра на серискиот убиец. Штом ќе ја заврши играта со Фејт, таа ќе стане неговата следна жртва.